АД ЈАКА 80 - Радовиш е современа фармацевтска, козметичка и диететска куќа, која е формирана 1980 година во градот Радовиш, Република Македонија.

Со трансформација на општествениот капитал во 1996г. ЈАКА 80 станува акционерско друштво. Денес мнозински акционер е фирмата НИНИ - Ниш.





Со фирмата управува Одбор на директори, составен од седум директори, шест неизвршни и еден извршен - генерален директор, на чие чело се наоѓа Претседател.

Во фирмата во моментов работат 450 вработени, од кои висок процент се високообразовани и специјализирани стручни кадри од областа на фармацијата, хемијата, медицината, економијата и др.

Производниот процес во АД ЈАКА 80 се одвива според критериумите на Добрата производна пракса (ГМП), а контролата на квалитетот по начелата на Добрата лабораториска пракса (ГЛП).

Целокупното работење е поткрепено со компјутерска подршка, која се базира на самостојно изработен сопствен software во Oracle.

АД ЈАКА 80 на полето на увоз соработува со европски производители или овластени добавувачи чиј квалитет е потврден со Европски цертификати.

Готовите производи
АД ЈАКА 80 ги пласира како на домашниот пазар на Р.Македонија, така и на странските пазари. Структурата на продажбата во овој момент ја чинат 60% домашниот пазар и 40% извозот, при што извозот е во постојан пораст. Присутни сме на пазарите на: СРЈугославија, Р.Хрватска, Р.Словенија, Федерацијата БиХ, Руската Федерација, Белорусија, Украина, Азербејџан, Латвија, Ерменија и др.

Во тек се постапки за регистрација на готови лекови во соседна Р.Албанија, Р.Бугарија како и во Р.Турција, земјите од Блискиот Исток и др.

Маркетингот на странските пазари се работи од претставништвата на АД ЈАКА 80 во Загреб-Р.Хрватска и Москва-Русија. На останатите територии во кои нема свои претставништва
АД ЈАКА 80 работи со фирми кои ја застапуваат.

Основна стратешка определба на АД ЈАКА 80 е интензивирање и проширување на нејзиното присуство на светските пазари со разни форми на соработка.

Во прилог на основната стратегија, наскоро АД ЈАКА 80 ќе отпочне соработка на полето на заедничко производство и маркетинг со неколку европски производители.